Shutterstock.com

На 10 јануари 2023 завршува поддршката за една од најдобрите верзии на Windows, а во исто време и за една од најлошите. Windows 7 и Windows 8/8.1 на оваа дата официјално заминуваат во историјата, па не толку малиот број на корисници на овие системи, веќе е време да инсталираат некоја понова верзија.

Поддршката за Windows 7 требаше да заврши на 14 јануари 2020 година, а стандардната поддршка за овој систем заврши на 13 јануари 2015. Поради големата побарувачка од компании и институции, Microsoft овозможи дополнителна безбедносна поддршка за наредните три години, па тие истекуваат идниот месец, конечно.

Windows 7 беше официјално претставен на 22 октомври 2009 година и стана една од најпопуларните верзии од Windows. Покрај одредени компании поради нивните апликации, голем дел од обични корисници одбиваат да престанат да го користат овој оперативен систем за кој се проценува дека уште држи над 10% од пазарот.

Windows 8 од друга страна не се покажа како популарен кај корисниците, а тоа во главно може да се препише на тргањето на Старт менито во првата верзија, нешто што беше исправено подоцна со верзијата 8.1.

Овој оперативен систем беше претставен на 13 ноември 2013 година, а главната поддршка му заврши на 9 јануари 2018. Продолжената поддршка му завршува на 10 јануари, заедно со Windows 7.

Со крајот на поддршката на овие системи, Microsoft ја прекинува и поддршката за Edge прелистувачот. Верзијата 109 ќе биде последната верзија достапна на овие системи, по што корисниците веќе нема да добиваат никакви надградби.

Истото ќе се случи и со Google Chrome кој ќе ја изгуби поддршката за овие два системи на почетокот од идната година, односно некаде во февруари.

За корисниците кои уште одбиваат да користат понова верзија од Windows, веќе е време тоа да го направат или барем да се префрлат на некоја од Linux дистрибуциите кои би функционирале одлично на постарите компјутери.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаГодишна конференција за децентрализација и локално управување – време за можности и ревизија
Следна статијаТим Кук ги објави Sony како долгогодишен партнер за сензорите во камерите на iPhone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.