Во една од ретките ситуации кога Apple директно покажува кои се компонентите кои ги користи во нивните уреди, директорот на компанијата Тим Кук, објави слика од негова посета на фабрика од Sony во Кумамото, Јапонија. Тој е придружуван од директорот на Sony, Кеничиро Јошида.

Во објавата Кук истакнува дека тие се партнери со Sony повеќе од една декада во креирањето на водечките сензори за камерите во iPhone. Тој исто така им се заблагодари на Кеничиро и сите во тимот за прошетката низ модерната фабрика во Кумамото.

Одамна се претпоставува дека Apple соработува со Sony за сензорите во камерите на iPhone, но од компанијата немаат практика да ги откриваат овие информации. Тие обично ќе кажат колку мегапиксели имаат нивните камери, какви способности имаат и уште по некоја карактеристика, но не и кој е производителот.

Официјалното откривање на Sony како партнер укажува на тоа дека соработката продолжува и се продлабочува.

Во правец на оваа информација, Nikkei Asia при крајот на минатиот месец објави дека нов и понапреден сензор од Sony ќе се користи кај iPhone 15 серијата идната година. Овој нов сензор ќе овозможи дупло поголема сатурација кај секој пиксел овозможувајќи слики кои нема да бидат повеќе или помалку „изложени“.

Заедно со најави дека Apple ќе додаде и уште неколку новини кај камерите идната година, може да се очекуваат доста добри подобрувања кај сликите кои се прават со iPhone.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКонечно завршува поддршката за Windows 7 и Windows 8/8.1
Следна статијаTwitter во иднина ќе го зголеми ограничувањето на објавите до 4000 карактери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.