Google работи на додавање на можноста за прикажување на две веб страни една до друга на екранот, односно на функцијата „поделен екран“. Оваа новина се’ уште е во развој, а е дел од најновите тест верзии на прелистувачот каде не е функционална. 

Предноста на функцијата поделен екран е што корисниците веќе нема да мораат да вклучат уште еден прозор, па да ги постават двата прозори еден до друг кога сакаат да гледаат во две веб страни во исто време, една до друга. 

Новината е откриена и објавена од страна на @Leopeva64, кој не ретко ни открива вакви и слични новини, а од објавените слики може да се види новата можност во менито кога ќе се притисне со десен клик на некој од „табовите“. 

Не е познато кога може да се очекува пуштањето на оваа функција, а не е исклучена можноста и истата воопшто да не стане дел од финалната верзија од Chrome. 

Сепак, искуството покажало дека ваквите функции најчесто се развивани до крај, па во месеците што следат сигурно ќе ја видиме во некоја од финалните верзии на Google Chrome. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаДоналд Трамп изјави дека Microsoft се во преговори за купување на TikTok
Следна статија(Видео) Колку би чинел „телефонот од соништата“ на Маркез Браунли
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.