Од оваа недела достапна е педесеттата верзија од Google Chrome, најпопуларниот интернет прелистувач. Новата верзија, како и обично, е достапна за сите десктоп платформи, односно за корисниците на Windows, OS X и Linux.
Поради концептот на брзи надградби, ретко која верзија доаѓа со повеќе и значителни промени. Тоа не е случајот ни со оваа, односно Chrome 50 донесува исправка на багови, сигурносни пропусти, како и подобрување на перформансите.
Од останатите промени се истакнува подобрувањето во системот за известувања. Подобрувањето подразбира вклучување на повеќе информации при испраќање на информациите за известувањето од серверот до прелистувачот, со што се скратува бројот на барања кои треба да поминат. Оваа комуникација сега е потребно да биде енкриптирана.
Google Chrome 50 исто така ја трга поддршката за одредени постари оперативни системи. Оваа верзија од Chrome нема да може да работи на Windows XP, Windows Vista, OS X 10.6 Snow Leopard, OS X 10.7 Lion, како и OS X 10.8 Mountain Lion.
Доколку сте корисник на Google Chrome најновата верзија веќе би требало да ви е инсталирана, а доколку тоа не е случајот, истата можете да ја инсталирате преку самиот прелистувач или да ја симнете преку официјалната страна.
Извор: VB