Kindle апликацијата на Android губи една доста важна можност која ја ставаше во предност пред iOS верзијата. Android апликацијата веќе нема да може да се користи за купување на книгите, па истото ќе мора да се прави преку веб страната од компанијата, односно на http://amazon.com/ebooks.
Главната причина за ова е промената на правилата на Android кои сега бараат да сите продажби одат преку Play Store, каде Google зима процент. Ова е и причината зошто iOS верзијата од Kindle нема можност за купување на книги, а во основа Amazon, како и многу дури, не сакаат да ги плаќаат високите проценти кои ги зимаат сопствениците на продавниците за апликации, односно Apple и Google.
Остатокот од апликацијата останува ист, односно корисничкото искуство при читање не се менува.
Останува можноста во иднина Amazon Kindle на Android пак да може да се користи за купување на книги, а тоа е ако помине планот на Google за овозможување на сопствени системи за наплата на апликациите, нешто што изгледа ќе мора да го направат, а сега се тестира со Spotify.