Shutterstock.com

Елон Маск, основачот и главен директор на Tesla, ги има стопирано сите нови вработувања во компанијата, а побарал и намалување на постојните вработени за 10%

Како причина за оваа одлука е „супер лошото чувство“ кое тој го има за економијата во периодот што следи, а веќе ги гледаме првите проблеми со рекордно висока инфлација кај повеќето земји во светот.

Оваа одлука Маск ја има соопштено на директорите во Tesla преку внатрешна порака, до која имаат дојдено од Reuters.

Според официјалните информации, Tesla во светот вработува околу 100.000 луѓе, а според Маск тоа веќе претставува превработеност во одредени делови од компанијата.

Неколку денови пред оваа одлука, Маск побарал враќање на сите вработени во канцелариите и исполнување на стандардните 40 часа во неделата. Ова, како што можевме да видиме во повеќе други компании во САД, не било баш добро прифатено, а Маск доби и критики од неколку директори на други компании кои сметаат дека веќе нема потреба сите да работат од канцеларија.

Дали оваа одлука на Маск е добра во ова време на криза и дали ќе предизвика уште поголема криза, ќе видиме во периодот што следи. Предвидувања од луѓе како Маск за лошата иднина на економијата не можат да донесат ништо добро.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаAmazon ја прекинува продажбата на книги преку нивната Kindle апликација на Android
Следна статијаMicrosoft тестира можност за префрлување на датотеки помеѓу Edge на било која платформа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.