Не ретко може да се прочита изминатите години за критиките кои ги добиваат, во главно, Google и Apple, за процентот од заработката кој го наплаќаат од апликациите преку нивните продавници за апликации кои им се единствен избор на корисниците доколку сакаат нешто да платат во самата апликација.
Неколку земји веќе се во процес на промена на законите, а во Јужна Кореа тоа веќе и се случи, со што им се наложува на компаниите кои имаат продавници за апликации, на програмерите да им овозможат да во своите апликации вградат и алтернативен систем за наплата, а не само тој од самата платформа.
Google веќе почнува со тестирање на една ваква можност, нешто што изгледа дека во не толку далечна иднина ќе стане стандардно.
Првиот соработник на Google со кој ќе се тестира новата можност е Spotify. Тоа значи дека корисниците на оваа позната апликација сега ќе имаат избор при плаќањето на претплатата на сервисот, односно покрај досегашната можност да платат преку Play Store, ќе стои и системот за наплата од Spotify.
Тестирањето треба да почне за неколку месеци, а ќе биде ограничено само во Јужна Кореа, како и во неколку други земји со тек на време. Постепено се планира проширување на тестот и со други програмери, пред да официјално биде пуштена функцијата за сите корисници.
Иако нема информации, најверојатно оваа можност би станала стандардна за сите корисници од идната година, а веќе има најави дека истото ќе мора да се направи и поради законските измени кои се спремаат во САД.
Apple повеќе пати ги имаме читано во вестите за строгоста на нивната продавница за апликации, каде процентот којшто го зима компанијата е поголем. Google сепак функционира во голем дел и од реклами, па ваквите промени би предизвикале повеќе проблеми кај Apple.