Струмица, 03.06.2022 годинаДенес, на Светскиот ден на Велосипедот, во Струмица ќе се одбележи и официјалниот почеток со реализација на проектот „Струмица – Паметен Вело Град“.

Овој проект е финансиран од Европската Унија и директно Општина Струмица, а се однесува на иновативно и ефективно решение со кое ќе се стимулира и поттикнува употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичен начин на мобилност. Во рамки на „Струмица – Паметен Вело Град“ предвидени се серија активности за изградба и обележување на градски велосипедски патеки. Проектот предвидува надградба на постојната сообраќајна инфраструктура и набавка на потребна опрема за нејзино одржување. Целта на овој проект е прогрес кон одржлив, “паметен вело град“ во кој, примената на велосипедите како примарно средство за движење ќе стане секојдневие за сите генерации во Струмица.

Со реализацијата на „Струмица – Паметен Вело Град“, Струмица ќе стане првата општина на територијата на Македонија која воведува нов и современ вид на сообраќај, сѐ во согласност со меѓународните стандарди за системско обезбедување на основната инфраструктура за негова реализација – велосипедски патеки.

Официјалниот почеток со реализација на проектот „Струмица – Паметен Вело Град“ ќе биде одбележан вечер (03.06.2022), со почеток од 20:30 часот во Старата чаршија во Струмица, како Централен настан во рамки на првиот фестивал од ваков тип во Македонија посветен на љубителите на велосипедизмот – „Вело Струмица“.

На настанот ќе присуствуваат: г-дин Костадин Костадинов, Градоначалник на Општина Струмица; Н.Е. Дејвид Гир (David Geer), Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија; Н.Е. Андреа Силвестри (Andrea Silvestri), Амбасадор на Република Италија во Република Северна Македонија; Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија (José Luis Lozano Garcia), Амбасадор на Кралство Шпанија во Република Северна Македонија и г-дин Винсент Зарагоза Алберола (Vicente Zaragozá Alberola), Градоначалник на општина Сиља, Валенсија, Шпанија.

Претходна статија„Макпетрол“ останува овластен дистрибутер на „Хонда“ во земјава
Следна статијаAmazon ја прекинува продажбата на книги преку нивната Kindle апликација на Android