Тоа неодамна беше потврдено во случајот со средношколците од Ковингтон. Случај во кој половина од граѓаните гледаа еден, а другата половина различен филм. Ако знаете нешто за когнитивни предрасуди (нешто за што често трубиме овде) за кратко ќе воочите дека се работи за случај на предрасуда од пристраст (confirmation bias).

Што е „дешавката“?

Пред неколку недели во САД, видео од средношколци како опколуваат еден постар човек (Натан Филипс), стана вирално низ тамошните медиуми. Во видеото се гледа како Филипс и едно младо момче се „очи во очи“. Момчето носи Make America Great Again (MAGA – познатиот слоган на Трамп) капче и саркастично се смее додека Филипс тропа на тапан.

На прв поглед, впечатокот е дека се работи за изживување од страна на децата (MAGA капчето сигурно придонело кон хејтот кој го добија средношколците).

Откако видеото стана вирално, телевизиите го направија ударна вест, а познати личности веднаш ги нападнаа средношколците на социјалните мрежи. Се што фалеше е да ги бутнат во затвор и да го фрлат клучот како резултат на едно видео на кое се гледа само како некој тинејџер се насмевнува на некој непознат старец кој тропа на тапан.

Откако стивна апокалипсата на друштвените мрежи, се појави и ново, подолго видео. Во тоа видео јасно се гледа дека момчињата не прават ништо лошо (и официјално беа ослободени од каква било вина). Друга банда (Black Hebrew Israelites) го започнала „инцидентот“. Тие им довикувале на момчињата со расистички и хомофобичен жаргон. Децата, испровоцирани, одговориле пеејќи ги химните на нивното училиште. Старецот се појавува од никаде и почнува да тропа со тапанот пред едно од момчињата, кое збунето реагира со насмевка.

Начинот на кој момчињата беа обвинети дека се нацисти, расисти, националисти и што уште не, беше спектакуларен. Оние кои го мразат Трамп, испровоцирани од саркастичната насмевка на момчето со MAGA капче, веднаш помислиле на најлошото. Поддржувачите на Трамп го гледале спротивниот екстрем. Фактите се на нивна страна во овој случај.

Но, тоа не е поентата. Она што е апсурдно е дека целото лудило започна од едно вирално видео споделено по друштвените мрежи. Што ако не постоеше видеото кое ја покажа вистината? Дали момчињата ќе претрпеа сериозни последици? Верувам дека одговорот е да.

Карлин, како и за многу други работи, и за ова беше во право. Навистина е фрик шоу.

Претходна статијаТоп 7 содржини за секој ден од неделата
Следна статија„ТАТКО И СИН“ – Се што треба да знаете за новиот “ситком“ кој стигна на Pickbox