Понеделник: за почеток на неделата, 11 одлични и искрени совети за како да почнеме да вежбаме. Ретко ги читам овие текстови ама овој ми фати око. Check it out. Здраво тело здрав дух, така?

Вторник: важна лекција за приватноста – “Who cares, I have nothing to hide”, why the popular response to online privacy is flawed“. Целиот текст е одличен, но главниот takeaway е дека „приватноста не е дека имаш што да сокриеш, туку се однесува на преносот на информации кој е општествено прифатлив а кој не е. Овој аргумент ја замаскирува таргетираната личност. Немам ништо да сокријам – од кого? Постојат работи кои би ги споделиле со најблиските но не и со туѓинци на улица.“. Приватноста е лично право што, како, кога и со кој ќе споделиш од твојот личен живот.

Слична поента, формат видео предавање од познатиот новинар Глен Гринволд:

Среда: за средина на неделата, нешто сосема различно од вообичаените теми – совети како да помогнете на некој кој е во депресија. Можеби ќе помогне. Few tips good to know, за не дај Боже. Депресијата не е „чувство“ – болест е каде што најблиските може да помогнат во лечењето (и патем имаат клучна улога!).

Четврток: одлична колумна за развојот на идејата на Hodl (купуваш и ги чуваш до неопределно идно време) во Биткоин во овие 10 години (The Evolution of Bitcoin Key Management). Како што вели авторката, еволуцијата на менаџирањето на „клучевите“ (лозинката за да пристапиш кон своите биткоини) е всушност клучен сегмент во развојот на Bitcoin sovereign – граѓани кои имаат целосна контрола врз своите пари. Овој сроден текст (A few tips on storing your recovery seed) е добро комбо за денот. Recovery seed е еден вид на backup лозинка (master access key) со која добивате пристап до вашата крипто „сметка“.

Петок:  Lightning Torch е новата тренди идеја во крипто светот. Стотици луѓе во моментов низ 50тина земји се го предаваат „факелот“. За што станува збор?

Викенд: малку подолг текст за една од најпопуларните суб-области во економијата во последните неколку години – behavioral economics. Се што треба да знаете за нејзиниот развој и најважни insights е објаснето од еден од највлијателните економисти во оваа област, нобеловецот Ричард Талер (Behavioral Economics – from nuts to “nudges”).

Оставете коментар