Samsung денес го одржува својот Unpacked настан во Сан Франциско на кој ќе го претстави Galaxy S10. Настанот започнува во 20:00 часот по македонско време и истиот можете да го следите преку преносот во живо од страна на Samsung, а Смартпортал е во Сан Франциско од каде директно ќе известува за тоа што ќе биде претставено.

На денешниот настан, покрај трите нови Galaxy S10 модели, односно Galaxy S10e, Galaxy S10 и Galaxy S10+, ќе бидат претставени и нови паметни часовници, како и слушалки.

Она што секако ќе привлече посебно внимание е прикажувањето на Galaxy Fold, уредот со екран на превиткување, за кого очекуваме дека ќе може да го видиме и користиме, барем на кратко и да ги пренесеме нашите мислења.

Следете не на smartportal.mk за повеќе информации во текот на денот.

Претходна статијаСамсунг го претстави новиот стилски Галакси Таб Ес5е (Galaxy Tab S5e)
Следна статијаТоп 7 содржини за секој ден од неделата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.