Веќе се ближи крајот на оваа 2016-та година и веќе со нетрпение ја очекуваме 2017-та за да видиме што ќе ни донесе ново, бидејќи според мене, изминатата година беше една од подосадните и неинвентивни години кога се работи за технологија.

Годината ја одбележа ривалството помеѓу Apple, Microsoft и Samsung. Apple ги претстави новиот iPhone 7 и новите MacBook Pro лаптопи, Microsoft ги претстави новите Surface компјутери, а Samsung го претстави новиот Galaxy S7 и “бомбастичниот” Galaxy Note S7. Но, имаше и некои други одлични нови парчиња технологија, како на пример одличната графичка картичка на nVidia GTX 1080 и новиот тренд што се појави, а тоа се наочарите за Виртуелна Реалност.

Во 2017-та можеме да очекуваме уште пожестока борба помеѓу Apple и Microsoft, особено поради фактот дека новите MacBook Pro лаптопи, иако поминаа одлично кај корисниците, Apple сака уште поагресивно да го нападне пазарот на лаптопи и да го врати реномето на најдобар производител на компјутери. Apple се очекува да ја направи најдрастичната и најреволуционерната промена кај нивниот најдобар и најпродаван производ, iPhone, бидејќи следната година ќе биде 10 годишен јубилеј откако Apple, односно Steve Jobs го презентираше првиот iPhone.

Не би сакал да наговестувам што ќе биде ново кај iPhone-от бидејќи Apple секогаш знаат да не изненадат, но една од најинтересните шпекулации се дека целиот iPhone ќе биде од стакло и ќе нема Home копче. Од Apple исто така можеме да ги очекуваме и новите iPad-и од кои едниот се шпекулира дека ќе биде 10.9 инчен.

Од Samsung можеме да очекуваме нов модел на Galaxy под реден број 8, кој се надевам конечно ќе може барем да се обидат да го направат подобар од iPhone ;-).

Microsoft докажаа дека оваа година целосно се “подмладија” и се свртеа кон корисниците и нивните барања. Microsoft најави бесплатна надградба на Windows која ќе се вика Creators Update наменета за гејминг и креативен дизајн и се надевам дека ќе се појави нов All-in-One компјутер со поевтина цена од овогодинешниот Surface десктоп и очекувам нов Surface Pro 5 лаптоп.

Microsoft се во фаза на развој на гејмерска конзола која ќе биде апгрејд на Xbox, а е под кодно име Project Scorpiо. Останува само прашањето дали Microsoft ќе не изненадат со Surface Phone иако сите наговестуваат дека тоа најверојатно нема да се случи, но сепак има гласини.

Се очекува Nintendo да изненади со нова гејмерска конзола која се очекува да се вика Switch. Switch ќе биде хибрит на таблет со два контролери коишто ќе можат да се прикачуваат на самиот таблет од двете страни. Исто така ќе можете да ги користите контролерите без да бидат поврзани на таблетот, а истиот да го поврзете преку докинг станицата на телевизор.

Tesla имаат план за сите да возиме електрични возила. Во 2017-та планираат да го претстават Tesla 3 возилото. Се надевам дека кај нас владата ќе дава субвенции за секој кој планира да купи електрично возило.

Се шпекулира дека Google работи на лаптоп хибрид кој би се викал Pixel 3 Laptop и кој се очекува да има 12.9 инчи и да работи на новиот оперативен систем Andromeda.

Тоа се моите предвидувања за 2017-та година. Доколку имате Вие некоја идеја или мислење за тоа што треба ново во светот на технологијата, слободно пишете ни во коментар, може да се отвори интересна дискусија.

Претходна статијаCortana ќе биде достапна и за “Internet of Things” уредите
Следна статијаChevrolet Volt – брилијантен дизајн на иднината