Интересна вест ни доаѓа од два различни краја на светот. Спојување на Шведскиот автомобилски гигант Volvo и Јужно Корејскиот електронски гигант LG Electronics со цел развивање на електрични автомобили во иднина. Покрај тоа што фокусот им е насочен на автомобили кои што ќе возат на електрична енергија, овие две компании сериозно ги разгледуваат опциите за автомобили кои ќе возат самостојно.

Првиот целосно електричен Volvo автомобил кој ќе биде произведен за долги релации би требало да се појави во 2019 година. Проценките се дека овој автомобил ќе може да помине најмалку 500 километри со едно полнење, што важи за најдобра километража засега во светот на електричните возила.

Ова не е првата соработка на LG Electronics со компанија од автомобилската индустрија. Имено тие имаат соработувано со американскиот бренд General Motors со цел развивање на 11 клучни компоненти и системи вклучувајќи мотори и батерии за нивниот најпродаван модел Chevrolet Bolt. Овој модел на General Motors може да помине 400 километри со едно полнење.

Влегувањето на Шведскиот автомобилски бренд во светот на електричните автомобили доаѓа во момент кога речиси сите нивни конкуренти веќе ги претставија нивните планови за освојувањето на овој најбрзорастечки автомобилски пазар. Сепак Volvo е познат како бренд кој се концентрира на квалитетот пред квантитетот. Одтука можеби најинтересната информација која што ќе ја очекуваме за овој модел на Volvo ќе биде цената.

Како и да е, договорот помеѓу овие две компании не е се’ уште комплетен, но се надеваме дека во блиска иднина ќе се официјализира.

Извор: EVN, InsideEVs

Претходна статијаНезаборавен шопинг и забава за 3от Роденден на Capitol Mall
Следна статијаРекордно голем број на купувачи преминуваат од MacBook на Surface