summary

Продажбата на iPhone продолжува да паѓа и според сите најави и очекувања, iPhone 7 и 7 Plus нема да можат целосно да го преобратат тоа – едноставно премногу личат на актуелните модели. Затоа, Apple ќе направи големи промени во iPhone 8, кој според нови најави од извори блиски до производителот на паметниот телефон, Foxconn, ќе биде целосно изработен од стакло.

Да, ова значи дека iPhone 8 нема да има видлива метална рамка, туку отсекаде, напред, странично и назад ќе биде изработен од стакло. Какво стакло ќе се употребува и колку тоа ќе биде отпорно на кршење сѐ уште не се знае, но верувам дека Apple и Foxconn имаат спремно нов материјал кој може да го издржи тестот на времето барем приближно добро како алуминиумските iPhone-и денес.

bwuuaejwveoqztjthyec[1] copy

Најавата дека iPhone 8 ќе биде целосно изработен од стакло веројатно значи и дека овие модели ќе имаат “Edge” дисплеј кој ќе биде закривен на страните, кој за разлика од она што го нуди Samsung, ќе вклучува софтверски „виртуелни“ копчиња за контрола на гласноста и сл. Исто така, според патентите за ваквиот дисплеј од Apple, на него цело време ќе се прикажува песната која свири, како и нови нотификации.

Ваквиот дизајн отвора можност за намалување на рамката околу дисплејот, која кај актуелните iPhone-и, но и според сѐ што знаеме за iPhone 7, е претерано голема и дефинитивно не соодветствува на 2016 година. Едноставно, iPhone 6S е поголем дури и од телефони со 5,2 инчен дисплеј, а има само 4,7 инчен дисплеј.

eex6xfx8f9gfwzyzhubc[1]

Извор: Gizmodo, 9 to 5 Mac, TechnoBuffalo

Претходна статијаGoogle продолжува со тргањето на поддршката на Flash во Chrome во корист на HTML5
Следна статијаDropbox студија: постарите работници подобро се снаоѓаат со технологија