Vertu-New-Signature-Touch-2015

Навистина мислите дека iPhone и Galaxy S се смартфони си кои можете да покажете дека сте успеале во животот? Vertu не мислат така – нивниот најнов Signature Touch модел има моќна внатрешност, целосна изработка од кожа и титаниум и нормално е наменет само за оние од највисоката класа.

Vertu веќе подолго време се издвојува од другите производители со своите единствени паметни телефони, кои не се разликуваат толку по перформансите, туку по надворешната изработка. Новиот модел има Snapdragon 810 чип, помогнат од 4 GB рам меморија и 64 GB простор за складирање податоци, плус 64 GB micro SD картичка, која доаѓа како подарок (а поддржува максимум 2 TB).

Vertu-New-Signature-Touch-2015-assemble

Големината на дисплејот е 5,2 инчи со Full HD резолуција, што значи дека во овој дел нема да ги загрижи најдобрите во високата класа, но идејата на Vertu секако не е да се натпреварува со нив. Батеријата има капацитет од 3160 mAh, за купувачот со толку длабок џеб да не треба често да мисли на полнење на батеријата, а ако дојде до тоа, достапно е и QuickCharge 2.0 брзото полнење на Qualcomm, како и Qi безжично полнење.

Камерата има 21 мегапиксели со леќа со бленда f2.2, додека предната има само 2,1 мегапиксели, што е реално малку за толку скап телефон, но купувачите на овој модел веројатно имаат и свој сопствен фотограф. Камерите не се веќе изработени во соработка со Hasselblad, производителот на фотоапарати кои чинат преку 20.000 долари, што за некои може да биде и мал минус…

Покрај максимално луксузната изработка, Vertu има вградено и неколку детали кои се единствени во бизнисот. На пример, кога ќе зборувате, увото ќе го ставите на специјално дизајниран дел од керамика, додека во предниот дел се вградени два стерео звучници…

Vertu-New-Signature-Touch-craftsmanship

И најважниот „детаљ“ од сите – цената на почетниот модел е 9900 долари. Да, изработката е на највисоко ниво и материјалите се супер квалитетни, но сепак е само еден моќен паметен телефон со Android. Но, секогаш се плаќа повеќе за да бидете посебни, а Vertu секако ќе го овозможи тоа.

Извор: Engadget, CNET

Претходна статијаНеоком прослави 1 година од претставување на neoCloud
Следна статијаLG спрема паметен телефон со двоен дисплеј