neocloud-1-yr

Вчера една од најдобрите ИТ компании во Македонија, Неоком, прослави 1 година од претставување на нивниот најнов сервис за компаниите, neoCloud. Во време кога сервисите во облакот стануваат се повеќе популарни и користени во светот од огромен број на компании, Неоком покажа дека го има потребното знаење и ресурси да на корисниците од Македонија им претстави сопствено решение.

Зошто компаниите се одлучуваат за користење на сервиси во облакот ?

Ретки се компаниите кои што ги имаат потребните ресурси за обезбедување на потребната ИКТ инфраструктура потребна во денешно време. Оваа „привилегија“ е често возможна само за поголемите компании кои што и обично работат на ИТ пазарот.

Користењето на сервиси од типот на neoCloud им овозможува на компаниите пристап до инфраструктура која што нив би ги чинела огромни средства, без притоа да се земе во предвид потребата од човечки ресурси кои што би работеле на развој и одржување на истата.

neoCloud e “cloud computing” платформа базирана на виртуелизација од VMware со комплетна автоматизација и управување со помош на софтверски алатки од производителите VMware и HP. На корисниците им нуди пакет на услуги кои што вклучуваат Virtual Data Center (VDC), Disaster Recovery by Zerto (DRaaS-Z), Hosted Email Services (HES), Vehicle Enterprise Management System (VEMSYS) и повеќе.

neocloud-logo

Што им нуди neoCloud на корисниците?

  • Безбедност – Целата платформа е заштитена со Next Generation Firewall-и и DDoS уреди за заштита. Секоја комуникација е преку енкриптирани канали со помош на дигитални сертификати
  • Пристапност – Пристапот до neoCloud е овозможен од било кој уред преку интернет прелистувач, во било кое време и од било која локација. Сѐ што е потребно е само интернет врска од клиентскиот уред
  • Едноставност – За користење на neoCloud услугите не e потребно инсталирање на посебни апликации, статички јавни IP адреси или подесување на разни VPN-и, бидејќи неговата платформа е базирана на WEB 2.0
  • Намалени трошоци – Користејќи ги услугите на neoCloud, Вашите IT трошоци се мерливи, предвидливи и транспарентни. Во neoCloud нема непредвидливи инвестициски трошоци, трошоци за одржување или лиценцирање.

Како што се очекуваше од сервис развиен и понуден од една ваква компанија, neoCloud после 1 година од претставувањето веќе го олеснува работењето на голем број на клиенти. Изминатата година може да се сумира преку следните факти:

  1. Преку 100 клиентски виртуелни машини
  2. Клиенти од различна големина (големи и мали фирми; нови и веќе етаблирани; финансиски институции и државни фирми)
  3. Хостирање на системот за поврзување на берзите во регионот SEE Link http://www.see-link.com/,  http://www.ebrd.com/work-with-us/procurement/pn-45560.html
  4. Воспоставување на високо пристапен систем за брокерско тргување за Македоснката Берза
  5. Членство во Cloud 28+ (Европска иницијатива за унифициран пазар на европски cloud оператори во која членуваат 100 оператори) http://cloud28plus.eu/memberslist?extId=&caid=#
  6. VMware IaaS powered сертификација http://vcloudproviders.vmware.com/find-a-provider (под името Neocom)
  7. Уникатно решение за Disaster Recovery во neoCloud http://neocloud.mk/services/draas-z/
Претходна статијаТри нови Lumia модели ќе бидат претставени на Microsoft настанот идниот месец
Следна статијаVertu Signature Touch – Супер моќен, мега луксузен, чини 9.900 долари!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments