Microsoft започна со пуштање на новата продавница за апликации, односно Microsoft Store, која е целосно редизајнирана за Windows 11, кај корисниците на Windows 10. Оваа продавница ќе ја замени постојната за сите корисниците на Windows 10 2004 или понова верзија.

Пуштањето на новата верзија иде постепено, што значи дека сите корисници на Windows 10 ќе ја добијат до крајот на годината, па зависно од редоследот на Microsoft, можно е да ја добиете дури при крајот на декември.

Новата Microsoft Store има целосно нов изглед, но тоа и не е најголемата новина, иако редизајн беше одамна потребен. Главната новина е во можноста во продавницата да се додадат скоро сите видови на апликации, а не само универзалните или модерните апликации, како што тоа беше случајот досега.

Со тоа, корисниците можат да ги очекуваат своите познати апликации кои ги користат и обично ги симнуваат преку страната на развивачот, да можат да ги симнуваат преку Microsoft Store.

Овие апликации сепак ќе продолжат подоцна независно да се ажурираат, односно доколку не се универзални или модерни апликации, односно апликации специјално развиени за Microsoft Store, тие нема да се ажурираат преку продавницата.

Една работа останува ексклузивна за Windows 11 која корисниците на Windows 10 нема да ја добијат со новата Microsoft Store, а тоа се Android апликациите. Оваа можност, која не беше пуштена со официјалната верзија од Windows 11, веќе е во тест фаза и се очекува да им стане достапна на сите корисници во месеците што следат.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Bleeping Computer
Претходна статијаСојуз на стопански комори: Стимулирачките мерки ќе дадат подобар резултат
Следна статијаWindows 10 November 2021 Update стана достапна за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.