Mozilla Firefox останува еден од најпопуларните и одлични интернет прелистувачи на пазарот и покрај тоа што одамна веќе го држи далечното второ, а по некогаш и трето, место зад Google Chrome. Префрлувањето на Microsoft Edge на Chromium, заедно со другите вакви прелистувачи, не донесе добро за Firefox, но од Mozilla не престануваат да донесуваат новини кои сепак успеваат да ги задржат постојните корисници.

Сега Firefox станува првиот поголем прелистувач, како што истакнуваат од Mozilla, достапен преку Microsoft Store. Оваа можност дојде со промената на правилата од страна на Microsoft за додавање на апликации во нивната продавница, односно во нивната нова продавница која беше претставена со Windows 11.

Корисниците кои би сакале да го пробаат Firefox или тие кои прават нова инсталација на нивниот компјутер, сега нема да мора да го вклучат Edge за да го симнат Firefox, па тоа ќе можат да го направат директно преку Microsoft Store.

Според новите правила, Firefox од Microsoft Store е истата верзија од прелистувачот која би ја симнале корисници од страната на Mozilla, односно апликациите веќе не мора да се модерни или универзални, како што ги нарекуваат од Microsoft.

Тоа исто така значи и дека по симнувањето ажурирањето на Firefox ќе се прави стандардно преку самиот прелистувач, а Microsoft Store е тука само за симнувањето на прелистувачот.

Се надеваме дека во иднина ќе се направи барем некаква интеграција на овие апликации со системот, па кога веќе го имаме инсталирано Firefox, истото да го прикажува во Microsoft Store, а не ако сега прелистувачот да ни биде достапен за симнување.

Со оглед на тоа дека Microsoft најави дека новата продавница за апликации ќе им биде достапна и на корисниците на Windows 10, симнувањето на вакви апликации, како Firefox, ќе можат да го прават и корисниците кои нема да го надградат својот компјутер на Windows 11.

Линкот до Firefox во Microsoft Store е следниот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаA1 Македонија четврта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет
Следна статијаNetflix Games од денеска достапни и за корисниците на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.