Скопје, 09.11. 2021 г. – Едукативната програма за деца – “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно” на А1 Македонија продолжува и во учебната 2021/2022 година.

Ова е петти циклус на програмата, кој оваа година е предвидено да опфати повеќе од 10 основни училишта во Скопје и целата земја, започна денеска во О.О.У. „Коле Неделковски “ во општина Центар за учениците од 4-то одделение.

„Продолжуваме со реализација на програматаИнтернетот не e само игра...Кликај безбедно!” која на сите нам во А1 ни е особено драга. И оваа учебна година продолжуваме со онлајн предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивното континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење. Волонтерите на А1 се подготвени да ги пренесат потребните информации и да опфатат што е можно поголем број ученици, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Партнери на проектот и оваа година се Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

Предавањата и оваа година ќе ги реализираат волонтери – вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

За Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно

Проектот “Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Во рамките на проектот, предавањата ги проследија повеќе од 2700 четврто-одделенци, од 12 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. 

Повеќе информации за едукативната програмаИнтернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на www.a1.mk

Претходна статијаArts & Culture апликацијата од Google може да го најде „двојникот“ на вашиот миленик
Следна статијаMozilla Firefox стана достапен преку Microsoft Store

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.