Netflix минатата недела официјално ги пушти за сите свои корисници најавуваните и до сега во тест фаза, игри. Со ова се проширува видот на содржина кој е достапен преку сервисот, со таа разлика што игрите сепак се инсталираат, а не се стримувани како другата содржина на Netflix.

Netflix Games прво беа пуштени за корисниците на Android, а беше најавено дека наскоро тие ќе им бидат достапни и на корисниците на iOS. Ова е поради тоа што Apple им построги правила за својата продавница, односно кратко кажано тие не дозволуваат функционирање на паралелни продавници.

Од денеска и iOS корисниците ги добиваат игрите, па исто како што е случајот на Android, преку Netflix само се гледа листата на игри, а истите се инсталираат преку Play Store, односно преку App Store на iOS.

Игрите ќе им бидат достапни на корисниците на iPhone и на iPad, што значи дека сите уреди од iOS се подржани.

Една разлика само ќе има на iPhone во споредба со Android, па и iPad, а тоа е посебен дел во категориите за игри, односно на iPhone игрите ќе бидат прикажувани само како посебен дел на главната страна.

По инсталирањето на некоја игри, а во овој момент се достапни само пет, корисниците ќе треба да се најават со својата Netflix сметка за да можат да ја играат играта, а и за да не им бидат прикажувани било кои од можностите за плаќање во играта.

За во иднина како и да е се очекува дека Netflix ќе понуди многу поголем избор на игри, а тие веќе купија и гемјминг студио, што ја покажува посветеноста на компанијата во оваа нова област.

Претходна статијаMozilla Firefox стана достапен преку Microsoft Store
Следна статијаСКЕЕОР 2021: Обновливите извори на енергија стануваат сѐ поактуелна тема
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.