По шпекулациите оваа година, Netflix подоцна официјално потврди дека влегува во „гејминг“ бизнисот, односно својот сервис со филмови, серии и документарци, ќе го прошири и со достапност на уште еден вид на содржина, мобилни игри.

Овие игри сепак уште од најавата стана јасно дека нема да бидат како останатата содржина на сервисот, односно нема да бидат стримувани од серверите на Netflix, туку инсталирани на уредот преку Play Store, исто како и било кои други апликации.

Разликата е само што игрите ќе можат да се играат бесплатно само ако до нив се дојде преку Netflix апликацијата, со што сите дополнителни плаќања или претплати, нема да им бидат барани на претплатниците на Netflix.

По тестирањето на оваа нова можност, од оваа недела игрите на Netflix им стануваат достапни на сите корисници во светот, поточно прво на тие кои имаат Android уреди, смартфон или таблет компјутер. Корисниците на iOS ќе треба да почекаат уште одреден период, односно достапноста за нив е ставена во категоријата наскоро.

Игрите на Android корисниците ќе почнат да им бидат прикажувани во самата Netflix апликација, по што тие ќе можат да ги инсталираат и играат. За почеток се достапни само пет игри, Stranger Things: 1984 (BonusXP), Stranger Things 3: The Game (BonusXP), Shooting Hoops (Frosty Pop), Card Blast (Amuzo & Rogue Games) и Teeter Up (Frosty Pop), но секако се очекува оваа листа да стане многу поголема со тек на време.

Игрите може да се играат од сите профили на апликацијата, но нема да бидат достапни за детските профили. Исто така, корисниците ќе можат да ги играат игрите на сите нивни уреди, а од Netflix истакнуваат дека ќе ги известат корисниците ако го надминат лимитот, кој сепак личи дека е направен за ситуации кога корисниците ќе ја даваат нивната сметка на повеќе луѓе.

Пуштањето изгледа сепак оди постепено, кај нас игрите уште не се достапни, па доколку и кај вас е истиот случај, достапноста може да се очекува во деновите што следат.

ИЗВОРNetflix
ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаДа зборуваме за Дина – Dune (2021)
Следна статијаСите корисници на Google ќе мора да користат дво-факторска автентикација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.