Netflix ќе започне да овозможува и играње на игри, како нов вид на содржина од сервисот, покрај досегашните филмови, серии и документарци. Оваа секако е начин како да останат главни на пазарот по појавата на нови конкуренти кои се почесто ги има.

Од компанијата ја потврдија одлуката после неколку неофицијални информации, а корисниците можат да ги очекуваат игрите за почеток само на мобилните телефони. Исто така треба да се нагласи дека иако Netflix се познати по тоа што содржината на сервисот се „стримува“ преку интернет, игрите сепак ќе се инсталираат како и било која друга игра на мобилните.

Netflix сега започна со тестирање на оваа нова можност преку нивната Android апликација, а за почеток само во Полска. На корисниците во Полска ќе им бидат достапни две игри, Stranger Things 1984 и Stranger Things 3. Овие игри ќе се појават во листата со филмови и серии, односно како што се најавуваше игрите ќе бидат уште еден вид на содржина која ќе биде достапна преку Netflix.

Интересно е што игрите ќе се инсталираат преку Play Store, па преку Netflix апликацијата само се доаѓа до листата на достапни игри кои може да се инсталираат и директно од продавницата за апликации на Android. Сепак, за да може да се играат овие игри, корисникот ќе мора да биде најавен со својата Netflix сметка.

Може да се каже дека достапноста на игрите ќе привлече посебно внимание кога корисниците ќе можат да ги играат игрите и преку нивните телевизори. Netflix апликацијата на паметните телевизори може да биде вистинска замена за играчките конзоли за тие кои сепак сакаат да играат мобилни игри, односно не се баш вистински гејмери.

За периодот што следи се најавува проширување на тестот во повеќе земји, како и на Netflix апликацијата на iOS.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаВечерва во МКЦ парк се одржува единаесеттото издание на фестивалот за нова музика ЗДРАВО МЛАДИ
Следна статијаСредба Деспотовски – Холштајн – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.