Фото: Shutterstock.com

Netflix ги потврди шпекулациите дека планираат проширување на понудата на содржината на сервисот со игри. По пронаоѓањето на директорот кој ќе го води ова проширување, Мајк Верду која има работено во Facebook и EA, сега и официјално може да се очекува оваа нова содржина на Netflix.

Потврдата од компанијата доаѓа преку извештајот за финансиските резултати за втората половина од годината, каде се споменуваат плановите за воведувањето на игри.

Во извештајот се истакнува дека игрите ќе бидат достапни како уште една категорија во сервисот, како што и се најавуваше неофицијално. Тие ќе претставуваат продолжување на проширувањето на понудата од компанијата, како што беа оригиналните филмови, игрите од некои од сериите, интерактивните серии и слично.

За почеток игрите ќе им бидат достапни на корисниците преку мобилната апликација, а за тоа нема да плаќаат повеќе од месечната претплата која веќе ја плаќаат за сервисот.

Оваа одлука на Netflix секако доаѓа како одговор на големата конкуренција која ја имаат сега, за разлика од пред неколку години кога можеше да се каже дека се единствениот ваков сервис. Сега на пазарот се достапни доста алтернативи, како Amazon Prime Video, HBO, а има уште повеќе во САД, меѓу кои најголем конкурент е Disney+.

Со додавањето на игри, корисниците ќе имаат многу повеќе како вредност за претплатата која ја плаќаат, а со честото пуштање на оригинални филмови и серии, Netflix се гледа дека планира да остане сервисот број 1 на пазарот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаInstagram додаде „Sensitive Content Control“ за подобро прикажување на содржината во Explore делот
Следна статијаФИТР: Поднесени единаесет предлог проекти за воспоставување на лаборатории за производство „FAB LABS“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.