Фото: Shutterstock.com

Во мај излезе неофицијална најава за тоа дека Netflix планира да ја прошири својата понуда на содржина со игри кои би се играле на истиот начин како што се гледа останатата содржина, преку стриминг. За почеток игрите може да бидат достапни само преку мобилната апликација и да се инсталираат, но целта сепак на крајот е да корисниците можат да ги играат игрите без инсталација од било кој уред.

Сега Bloomberg објавува дополнителни информации за плановите на Netflix. Ако минатиот пат се објави дека од компанијата бараат некој кој би го водел проширувањето кон игри, сега според информациите потрагата е завршена.

Делот за игри во Netflix ќе го води Мајк Верду, која е поранешен вработен во Facebook и има работено на Oculus, како и во Electronic Arts – EA.

Според неофицијалните информации, планот е да игрите бидат достапни преку Netflix апликацијата како уште една категорија на филмовите и сериите. Корисниците не би требало да доплаќаат за можноста да играат игри, па ова се смета како начин за задржување на предноста на Netflix над се поголемата конкуренција на пазарот.

Развојот на оваа нова функција на Netflix наводно ќе заврши во наредните година дена, како што говореше и првата информација, па достапноста на игрите може да се очекува од идната година.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаBlue Origin доби дозвола за првиот лет со луѓе закажан за 20ти јули
Следна статијаTikTok е првата апликација која не е од Facebook која има достигнато 3 милијарди симнувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.