Фото: Shutterstock.com

Netflix останува еден од најпознатите и со најголем број на корисници стрминг сервис за филмови и серии. Тоа значи дека скоро и да нема веќе луѓе кои на нивниот телевизор секојдневно не гледаат нешто на овој сервис, а со се подобрите процесори кои се вградуваат во новите паметни телевизори, се отвораат нови можности кои може да бидат искористени од страна на Netflix.

Според неофицијални информации од повеќе познати медиуми, Netflix е во потрага по директор кој би го водел проширувањето на понудата на компанијата со игри. Овие игри би им биле достапни на корисниците да ги играат преку нивните телевизори, иако за почеток понудата би можела да биде за мобилните телефони.

Иако Netflix како сервис се познати по стриминг на содржина, сепак за почеток игрите би се симнувале за да може да се играат, а изгледа причината за тоа би била претпазливоста за овој начин на играње на игри.

Нешто повеќе информации нема, а се најавува дека оваа нова понуда од Netflix може да се очекува идната година. Тоа значи дека сепак има уште доста време за да излезат уште повеќе неофицијални информации кои ќе ни дадат подобра слика што може да се очекува пред официјалното претставување.

Од тоа што сега е достапно како информација, може да се заклучи дека Netflix би понудиле игри кои може да се играат на мобилните, па барем на почеток не планираат да им конкурираат на сервисите кои овозможуваат играње на PC игри преку нивни стриминг на било кој уред.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаСкопјани жедни за директна демократија
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Немате навигација – користете го стариот смартфон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.