Стариот андроид смартфон со мали подготовки може да го направите навигација за вашиот автомобил. Симнете апликација со мапи додека сте дома или направете ажурирање додека имате бесплатно Wi-Fi на некоја бензинска станица, набавете држач за мобилен за во автомобил и, секако, не заборавајте полнач, што може да работи на запалката за цигари за подолгите патувања.

Најпознатата навигација што сите ја користиме, секако, е Google Maps – и таа е одлична за градска средина, каде го покажува интензитетот и гужвата на улиците. Но, сепак, за сето тоа да функционира потребен е интернет или роаминг што доколку патувате во странство може да ве чини многу скапо.

Постојат повеќе бесплатни апликации со мапи и навигација, а кои работат без интернет. Најпозната е HERE WeGo – работи без интернет и само со GPS сигнал. Додека сте поврзани на Wi-Fi мрежа треба да ги симнете сите мапи кои ќе ви бидат потребни за патувањето и потоа можете да ги користите кога сакате и каде сакате без никакви трошоци – со исклучен интернет и без СИМ-картичка и мобилна мрежа, единствено со GPS сигнал.

Претходна статијаNetflix ќе почне да нуди играње на игри од идната година?
Следна статијаGoogle Photos доби нова алатка која ќе помогне во заштедата на просторот по 1-ви јуни

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.