Уште една недела останува додека Google почне да ги брои сликите прикачени преку Google Photos како дел од просторот кој следува со сметките на корисниците. Овој простор има 15GB доколку не се доплаќа за повеќе, па доколку не е пополнет со документи и други работи, е доволно за зачувување на доста голем број на слики.

Поради тоа што сите слики прикачени во „High quality“ до крајот на овој месец, нема да се бројат како дел од просторот, односно овој месец уште важи неограничениот простор, корисниците можат да ги прикачат сите слики кои ги немаат прикачено и со тоа да заштедат доста од просторот.

Google најави нова алатка која треба да помогне во заштедата на просторот на корисниците кога истиот ќе почне да се пополнува со слики и видеа од идниот месец. Оваа алатка ќе ги пронајде и ќе препорача да бидат избришани заматените слики, големите видеа и сликите од екранот (screenshots).

Овие слики и видеа Google смета дека непотребно го трошат просторот на корисниците, па доколку тие ги избришат, ќе можат да заштедат доста.

Преку Google Photos корисниците исто така ќе можат да видат проценка за тоа уште колку време им останува додека го пополнат нивниот простор со слики и видеа. Google ќе ја прави проценката врз основа на тоа колку често прикачуваат слики и видеа корисниците, но истото нема да функционира за тие веќе се при крај со просторот, како и тие кои имаат бизнис сметки.

Google ќе направи и промена на името на квалитетот на прикачување на сликите и со тоа ќе го поедностави изборот на корисниците. Наместо „High quality“, како што сега се нарекуваат компресираните слики и за кои следуваше неограничен простор, вака прикачените слики сега ќе се нарекуваат „Storage saver“.

Ова име е доста пологично и објаснува дека на сликите им се намалува квалитетот со цел да зафаќаат помалку од просторот, а изборот за прикачување во оригинален формат секако останува.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Немате навигација – користете го стариот смартфон
Следна статија24 часовна Светска виртуелна турнеја со Women In Tech – следете ја панел дискусијата со македонски претприемачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.