Google Photos во овој момент овозможува бесплатно зачувување на сликите и видеата од телефоните во „облакот“. Поделбата е направена на оригинален квалитет и висок квалитет. Доколку корисниците сакаат своите слики и видеа да ги прикачуваат во оригинален квалитет, тогаш просторот што го користат е тој од 15GB на нивната сметка, доколку не плаќаат за повеќе.

Главната предност на Google Photos беше прикачувањето на сликите и видеата во висок квалитет, односно нешто намален квалитет од оригиналниот, со неограничен простор кој не се брои во тие 15GB од корисникот.

Google минатата година најави дека овој неограничен простор веќе нема да биде овозможен, па сите слики кои корисникот ќе ги прикачи ќе се бројат како дел од 15GB на сметката, исто како и прикачувањето во оригинална форма.

Најавената промена ќе започне да се применува од 1-ви јуни оваа година, што значи дека корисниците имаат уште нешто помалку од 3 недели.

Се што ќе се прикачи до крајот на овој месец, сепак останува бесплатно, односно броењето како дел од просторот на корисникот започнува со прикачените слики и видеа после 1-ви јуни.

Поради тоа, на корисниците им се препорачува се што веќе не им е прикачено на Google Photos во висок квалитет, не во оригинален, тоа да го направат до крајот на овој месец за да не им се брои како дел од просторот доколку тоа сакаат да го направат подоцна.

Од Google истакнуваат дека корисниците нема да имаат потреба од поголем простор од 15GB во наредните три години, според нивните статистики за тоа колку простор трошат корисниците со нивните слики и видеа.

Доколку сепак просторот ви е доста искористен или за брзо време се пополни, 100GB се прилично достапни и чинат 2 долари месечно.

ИЗВОРXDA Developers
Претходна статијаGoogle ќе почне да им ја вклучува дво-факторската автентикација на нивните корисници
Следна статијаLunar Crater Radio Telescope на JPL од NASA доби финансии за развој на концептот за изградба на телескопот на Месечината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.