Користењето само лозинка за онлајн сервисите се смета како не доволно безбедна практика веќе одамна. Тоа во главно е поради тоа што корисниците често користат едноставни лозинки кои е лесно да се погодат или ја користат истата лозинка на повеќе сервиси, лоша практика без разлика дали се работи за едноставна или сложена лозинка.

Повеќето сервиси нудат додатна заштита преку дво-факторска автентикација, односно додаден чекор со кој се потврдува дека корисникот е тој што се најавува преку внесување на еднократен код испратен преку SMS или посебна апликација.

Google, како и повеќето други компании, веќе одамна нуди дво-факторска автентикација. Покрај можноста за добивање на код преку порака или посебна апликација, корисниците можат да се најават и преку одобрување на активноста преку нивниот телефон, а ова е посебно едноставно за корисниците на Android.

Од компанијата најавија дека дво-факторската автентикација за своите корисници ќе ја активираат автоматски за сите сметки кои се соодветно конфигурирани. Со тоа корисниците на еден начин ќе мораат да го користат овој начин на најавување, без разлика дали тоа го избрале или не.

Доколку сте корисник на Android телефон, овој процес би бил и најлесен. Доколку телефонот го користите со истата сметка од Google која ја користите и за другите сервиси од компанијата, се што треба е да изберете да добивате известување на телефонот кое треба да го одобрите.

Во друг случај, може да користите некоја од достапните апликации за дво-факторска автентикација, како таа од Google, Google Authenticator, а исто така добра апликација е Microsoft Authenticator која сега овозможува и чување на лозинките.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаРазговор.мк и Смартпортал.мк заедно во подигање на свеста за менталното здравје
Следна статијаНеограничениот простор од Google Photos истекува на крајот од овој месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.