Стигмата околу менталното здравје

Месецот мај е месец на подигнување на свеста за менталното здравје кај луѓето. Ова е одлично време да се работи на кревање на свеста за оние кои страдаат од загрозено ментално здравје кое резултирало со промена во нивното поведение. Преку активности, проекти, настани и обуки за подигање на свеста, огромен број на организации, болници и здруженија се обидуваат да допрат до пошироката јавност и да ја запознаат со предизвиците на денешницава. Здравствениот систем игра значајна улога во надминување и постепено искоренување на стигмата која постои во однос на менталното здравје.

Дали знаевте дека, на годишно ниво, од ментални болести заболува 19% од светската возрасна популација? А што мислите за тинејџерите, дали и тие се соочуваат со вакви предизвици? За жал, тинејџерите се премногу подложни на ментални нестабилности и дури 46% од оваа популација страда од ментални заболувања на годишно ниво.

Луѓето кои водат борба за своето ментално здравје можеби се дел од вашето соседство, работно место, круг на пријатели па дури и семејство. Никој од нас не знае што му се случува на другиот и каква војна води во себе, затоа ве охрабруваме да се однесувате грижливо и внимателно. Сепак, покрај фактот дека голем број на луѓе се соочуваат со вакви проблеми, само половина од нив ги третираат истите. Ова е поврзано со споменатата стигма поврзана со менталното здравје.

Затоа го обожаваме месецот мај, за да зборуваме отворено и без граници за сите оние кои неможат да соберат храброст и да побараат соодветна помош. Сега е време да зборуваме за сите оние кои поради општествената бариера излегуваат како губитници од борбата со животот. Нелекуваните ментални заболувања можат да резултираат со поскапи и подолготрајни медицински третмани, послаби перформанси на училиште или на работа, помали можности за вработување по завршувањето на студиите, па дури и зголемен ризик од посегнување по сопствениот живот.

Донеси одлука сега!

Платформата на разговор.мк заедно со smartportal.mk одлучија да направат нешто во врска со ова. По повод месецот на зголемување на свесноста за менталното здравје овозможуваме 20% намалување на и така пристапните цени за анонимна сесија со психолог. 

За да го искористете намалувањето превземете ја Android или iOS мобилната апликација на Разговор.мк и пред да закажате разговор со психолог по ваш избор внесете го промо кодот SMARTPORTAL20.

Донесете одлука сега и започнете да го негувате своето ментално здравје, онака како што го негувате физичкото. Вие не сте сами!

Претходна статијаMTS и Huawei го лансираа комерцијалното 5G искуство во Москва
Следна статијаGoogle ќе почне да им ја вклучува дво-факторската автентикација на нивните корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.