По летот на Ричард Брансон со неговата Virgin Galactic, сега на ред доаѓа и Џеф Безос со неговата Blue Origin во првите летови со луѓе за нивните компании. Овие летови може да се сметаат како почетоците на вселенскиот туризам, нешто што ќе почне почесто да се случува во годините што следат.

Летот на Blue Origin е закажан за 20ти јули, односно идниот вторник, а како што би се очекувало настанот ќе може да се следи во живо и ќе почне во 13:30 часот по македонско време. Преносот ќе може да се следи преку страната на Blue Origin.

Во првиот лет со луѓе на Blue Origin ќе има тројца патници, односно основачот на компанијата познатиот Џеф Безос од Amazon, неговиот брат, како и трет патник кој победи на наддавањето за местото. Сумата која третиот патник ја има платено за местото изнесува 28 милиони долари, а истата е најавено дека ќе се искористи за фондациите од компанијата.

Blue Origin официјално ја доби и дозволата од американската FAA, со што сега само останува да се направи летот.

New Shepard е името на ракетата која ќе го однесе модулот со патниците скоро до вселената, по што одреден краток период ќе биде заземена орбита околу Земјата, па со помош на падобранци ќе се слета назад.

Интересното со овие два лета е што тие технички не се случуваат вистински до вселената. Иако не може тоа точно да се измери, сепак како почеток на вселената се смета просторот од 100 километри, па нагоре, висина која не се достигнува од овие први летови.

Сепак, висината до која летаат е доволна за да се добие одличен поглед на Земјата и да се почувствува скоро бестежинската состојба.

New Shepard ракетата, исто како и Falcon 9 од SpaceX, се враќа назад на Земјата по успешното носење на модулот со патниците, со што се овозможува повторно искористување во иднина.

Претходна статијаWindows сега може да се користи преку стриминг од „облакот“
Следна статијаNetflix го најде човекот за проширувањето на содржината на сервисот со игри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.