После повеќе години во подготовка, како и доста шпекулации за сервисот, Microsoft го претстави Windows 365 Cloud PC. Со овој сервис, за почеток бизнис корисниците ќе имаат можност да на едноставен начин ги изберат карактеристиките на компјутерот во „облакот“ и на него да го инсталираат Windows 10, односно Windows 11 кога ќе стане достапен.

Главната поента на еден ваков сервис е достапноста на таа инсталација на било кој уред, како што се други компјутери, таблет компјутери, па дури и iPad, како и мобилните телефони. Со тоа корисниците нема да треба да размислуваат за достапноста на компјутери за своите вработени, а исто така нема да има потреба од VPN конекции за поврзување на корпоративните апликации.

Windows 365 сервисот ќе стане достапен од 2ри август, а дури тогаш Microsoft ќе ги открие цените кои сега се знае дека ќе бидат по корисник.

Цената исто така ќе зависи и од конфигурацијата на компјутерот во облакот, а корисниците ќе можат да бираат процесор, RAM, како и простор за податоците.

Windows 365 не може да се каже дека е нешто целосно ново на пазарот. Microsoft веќе нуди нешто слично преку Azure Virtual Desktops, а достапни се и други сервиси кои овозможуваат пристап до оперативен систем преку интернет, односно преку интернет прелистувачот.

Со Windows 365 Microsoft нуди сервис кој поедноставно ќе се прилагодува и функционира за разлика од другите понуди од компанијата.

Сервисот во основа функционира преку стриминг на оперативниот систем преку интернет прелистувач, а технологијата која се користи е истата за xCloud сервисот од Microsoft за стриминг на игри.

Windows 365 е пуштен дури сега затоа што условите на пазарот конечно имаат поголема потреба од еден ваков сервис, поради поголемиот број на вработени кои работат од дома поради Ковид кризата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаБеспрекорна прекугранична 5G конекција постигната во автономните автомобили
Следна статијаBlue Origin доби дозвола за првиот лет со луѓе закажан за 20ти јули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.