Уште од најавата на Microsoft дека Windows 10 ќе прерасне во Windows As a Service оперативен систем, стана јасно дека од компанијата планираат одредени функции кои ќе излезат надвор од поставеноста на системот на еден уред.

Windows како оперативен систем веќе нуди можност за пристап на одредена инсталација преку интернет, но од компанијата планираат тој дел да го направат понапреден со нови можности од тоа што веќе се нуди.

Според информациите, новината која треба да биде претставена, а се верува дека е стигната до тест фаза со ограничен број на деловни корисници, е наречена Cloud PC, а е надоградба на веќе постојната Windows Virtual Desktop.

Како Cloud PC ќе се разликува од WVD останува да видиме кога сервисот ќе биде официјално претставен, односно дали се работи само за ребрендирање или сепак може да се очекуваат и повеќе новини.

Како и да е, Cloud PC како сервис е замислен да на корисниците, во главно деловните, им овозможи пристап до Windows инсталација, а со тоа и до сите деловни апликации, преку машина во „облакот“. Со тоа компаниите нема да имаат потреба од купување на дополнителни машини за работа од кои ќе може да се пристапи од било која со интернет поврзана локација.

Се верува дека ќе бидат понудени повеќе видови на конфигурации кои од Microsoft ќе ги одржуваат, а корисниците ќе имаат избор на процесори, RAM и простор на диск.

Дека развојот на Cloud PC е дојден во поодмината фаза укажува и фактот што веќе се почна со објавување на неофицијални слики, во овој случај од познатиот @WalkingCat.

ИЗВОРBleepingComputer
Претходна статијаДел од посмртните остатоците од „Скоти“ од Стар Трек тајно пренесени на Меѓународната Вселенска Станица пред 12 години
Следна статијаSamsung во САД започна со резервација за наредниот Galaxy со што се зголемуваат очекувањата за скоро претставување на Galaxy S21
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.