На американската страна од Samsung е објавена нова страница каде под слоганот „Спремете се да скокнете на наредниот Galaxy“ може да се резервира купувањето на наредниот Galaxy. Со тоа продолжуваат знаците кои укажуваат на тоа дека неофицијалните информации се точни и дека Samsung ќе го одржи својот Unpacked настан месец дена порано, односно на 14-ти јануари.

На оваа страна корисниците кои ќе го резервираат својот нов телефон ќе може да го купат кога ќе стане достапен, а исто така добиваат и кредит од 50 долари со кој може да купат некој од додатоците за својот телефон.

Во САД достапна е и програма за замена на телефоните, па корисниците ќе можат да добијат заштеда од до 700 долари за нивниот S20 и Note20 телефон.

Како и да е, на страна придобивките, важната информација од оваа страна е дека Samsung полека оди во правец на најава на своите најнови телефони, па може да очекуваме и наскоро после празниците најава за претставувањето на Galaxy S21 телефоните.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаWindows Cloud PC ќе им овозможи на корисниците да креираат виртуелни Windows инсталации до кои може да се пристапи од секаде
Следна статијаПовеќето дронови во САД ќе мора да имаат модул за испраќање на нивната локација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.