Shutterstock.com

Џејмс Духан е еден од најпознатите актери, барем кај фановите на Старт Трек сериите. Тој го играше ликот на Монтгомери Скот, односно попознат како Скоти, кој во првата серија Start Trek, беше инженерот на вселенскиот брод „Enterprise“ кој имаше мисија од 5 години да ја истражува вселената.

Актерот почина во 2005 на возраст од 85 години, а како што е почесто практиката во САД, тој бил кремиран. Од семејството сакале дел од тие посмртни остатоци да бидат однесени на Меѓународната Вселенска Станица поради неговата голема желба да ја посети станицата.

Официјалните барања им биле одбиени, но сепак дел од „Скоти“ сепак завршува на вселенската станица.

Конкретно, првиот приватен посетител на МВС, Ричард Гариот, без да каже успеал да однесе дел од остатоците, заедно со слика од Џехмс Духан.

Ова се има случено пред 12 години, па интересно дури сега Ричард Гариот се решава да излезе во јавност со информација, сметајќи дека веќе има поминато доволно долго време. За лондонскиот The Times раскажува како сликата и остатоците ги има сокриено и однесено на Меѓународната Вселенска Станица. Исто така тој истакнува колку од семејството на Духан биле задоволни што тој успеал тоа да го изведе.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаZoom наводно планира да го прошири бизнисот со понуда на имејл и календар сервиси
Следна статијаWindows Cloud PC ќе им овозможи на корисниците да креираат виртуелни Windows инсталации до кои може да се пристапи од секаде
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.