Shutterstock.com

Оваа година веќе нема потреба да се објаснува кои се Zoom. Пандемијата и работата од дома направија да овој сервис стане еден од најпознатите во светот кога се во прашање видео конференции, па не е чудо што сега читаме дека од компанијата сакаат да го прошират својот бизнис.

Главните и најпознати конкуренти на Zoom се Microsoft Teams, Google Meet, Webex од Cisco, а може да се додадат тука и Skype, Facebook Messenger Rooms и слични за приватните корисници.

Главните конкуренти сепак во својата понуда имаат многу повеќе од само видео конференција, па Zoom на тој план може да се каже дека до некаде имаат недостаток, кога се во прашање компаниите, а и покрај популарноста на сервисот, конкурентите се повеќе се пробиваат на пазарот.

Според неофицијални информации кои ги објави The Information, Zoom планираат да ја прошират својата понуда и со тоа да им овозможат повеќе функции на бизнис корисниците кои нема да мораат да ги користат тие од конкурентите, кога веќе за видео конференциите го преферираат Zoom.

Новините кои би станале дел од Zoom вклучуваат имејл сервис и календар. Според информациите, имејл сервисот се развива посериозно и може да се очекува неговото официјално претставување веќе идната година, додека за календарот тоа би било нешто подоцна.

Огромниот раст на корисниците на Zoom прави да од компанијата можеби и мора да овозможат повеќе функции, инаку ризикуваат да овој успех остане само во 2020 и полека се изгуби со тек на време.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаМакедонецот е лидер во регионот за потрошувачка на цигари по најниска цена
Следна статијаДел од посмртните остатоците од „Скоти“ од Стар Трек тајно пренесени на Меѓународната Вселенска Станица пред 12 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.