Во текот на вчерашниот ден Virgin Galactic го направи својот прв официјален лет до работ на вселената со целосен екипаж во леталото. SpaceShipTwo ги однесе до висина од 86 километри основачот на компанијата Ричард Брансон, како и уште три други патници, Бет Мосес, Колин Бенет и Сириша Бандла.

Летот на SpaceShipTwo и мисијата Unity 22 беа успешни, односно леталото успешно полета, стигна до саканата висина, по што се врати назад на Земјата и успешно слета.

Овој лет се случува на само 9 дена пред летот на Џеф Безос и неговата Blue Origin кои треба да се случат на 20ти овој месец.

Начинот на лансирање на Virgin Galactic се разликува од тој на останатите кои во главно користат ракети за полетување од Земјата, нешто што е стандардно од самиот почеток на летање во вселената, односно орбитата.

Virgin Galactic своето летало го поставува на уште едно посебно развиено летало кое го носи до одредена висина, по што вселенското летало се откачува и ја вклучува својата ракета. На овој начин се намалува потребата од енергија, поради тоа што леталото веќе е на голема висина и во движење, а со тоа се намалуваат и потребните трошоци.

Првиот дел од целиот систем слетува назад, додека вселенското летало продолжува до орбитата на Земјата.

Леталото потоа кружи околу Земјата одреден период, по што влегува назад во атмосферата и слетува на писта, нешто слично како шатл леталата.

Мисијата Unity 22 беше пренесувана во живо и можете да ја погледнете во продолжение.

Претходна статијаНеколку нови кратенки на тастатурата кои доаѓаат со Windows 11
Следна статијаЗапочна продажбата на Huawei 3 серијата на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.