Покрај главната листа со новости, односно во случајот на Instagram, со слики, Explore делот е исто така доста посетуван од страна на корисниците. Во овој дел на корисниците им се прикажува содржина од сметките кои не ги следат, но се поврзани со нивните интереси, како и тоа што го прегледуваат во овој дел.

Оваа мрежа воведе ново прилагодување преку кое корисниците ќе можат да го намалат или зголемат прикажувањето на чувствителна содржина. Оваа содржина вклучува слики и видеа кои се смета дека за одредени корисници се неприкладни и може да предизвикаат незгодност, како што е содржината со голотија или насилство.

Новата Sensitive Content Control функција овозможува корисниците да изберат до кој степен овој вид на содржина ќе има шанса да им биде прикажана, па покрај стандардната и досега користена опција „Limit“, достапни се две нови опции, „Allow“ и „Limit Even More“.

Во основа, Instagram веќе прави филтрација на ваква содржина, но сега на корисниците ќе им ја даде можноста да дополнително ја ограничат, доколку сметаат дека сепак им се прикажува повеќе од што би сакале или целосно да го исклучат филтрирањето.

Овој нов избор не значи дека на Instagram сега ќе биде дозволена било каква содржина, а посебно ако е избрана опцијата „Allow“. Ова прилагодување се однесува само на содржината која веќе е дозволена, а содржината како говор на омраза и слични, остануваат блокирани целосно на мрежата.

Sensitive Content Control се наоѓа во Settings делот, па Account, а оваа нова функција постепено им се пушта на корисниците, па може да не ви е веднаш достапна.

Дали промената од стандардното ниво ќе направи некаква разлика во содржината што се прикажува и колку, ќе видиме во периодот што следи.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаМичио Каку го коментира летот на Џеф Безос и Blue Origin во интервју за Fox Business
Следна статијаNetflix го потврди планот за додавање на игри на сервисот, ќе започне прво со мобилните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.