По успешното и кратко лансирање до работ на вселената од страна на Blue Origin со нејзиниот основач Џеф Безос како „главен“ патник, не се ретки негативните реакции на овој, но и летот на Ричард Брансон, исто така милијардер, со неговата Virgin Galactic.

Реакциите во главно се насочени кон тоа дека милијардерите си играат со огромното богатство што го имаат, па наместо да го трошат за поважни работи, тие се „возат“ до вселената, нешто што не донесува ништо за човештвото.

Познатиот физичар Мичио Каку излезе со нешто поразлично гледиште на ова што се случува. Во интервју за Fox Business тој истакнува дека порано мотивација за развојот на вселенската технологија била победата во „натпреварот“ со Русија, па добро е што сега повторно се враќа желбата за инвестирање во оваа област.

Тој исто така истакнува дека технолошкиот напредок секогаш доаѓал индиректно од инвестирањето во области, кои потоа донесуваат корист за сите, како што е на пример микрочипот од NASA.

Интервјуто на Мичио Каку можете да го погледнете во продолжение.  

ИЗВОРFox Business
Претходна статијаGoogle Chrome 92 донесува до 50 пати побрзо откривање на „phishing“ страните
Следна статијаInstagram додаде „Sensitive Content Control“ за подобро прикажување на содржината во Explore делот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.