Познатиот основач на Amazon, Џеф Безос, успешно го помина денешното лансирање со New Shepard ракетата, првпат со луѓе во капсулата за неговата Blue Origin компанија. Тој заедно со неговиот брат Марк, најмладиот човек што патувал до вселената Оливер Даемен и најстарата патничка до вселената Вали Фанк, стигнаа до работ на вселената и успешно се вратија назад.

Настанот пред и за време на лансирањето беше пренесуван во живо и можеше да се следи секој дел од летот до нешто повеќе од 100 километри, што се смета како границата каде почнува вселената.

Целата мисија траеше 11 минути, а капсулата со патниците остана во вселената само неколку минути, по што се врати назад и со помош на падобранци успешно слета на планираното место.

New Shepard ракетата, по достигнувањето на планираната висина, се издвои од капсулата и се врати назад за 16тото успешно вертикално слетување.

Ова е втор лет од приватна компанија со луѓе кои не се астронаути, нешто што се смета за почеток на вселенскиот туризам, а првиот лет го направи минатата недела, исто така милијардерот, Ричард Брансон со неговата Virgin Galactic.

Во продолжение можете да го погледнете преносот доколку истиот не го гледавте во живо.

Претходна статијаЕвропската Комисија предлага да се забрани продажбата на нови автомобили кои работат на фосилни горива од 2035
Следна статијаWindows 11 ќе доаѓа со вклучена темна тема кај новите инсталации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.