После неколку години на огромна популарност на темните теми кај оперативните системи и апликациите, Microsoft се реши да Windows 11 го достави кај одреден број на корисници со автоматски вклучена ваква тема.

Најавата доаѓа од Мелиса Гранд од компанијата за време на презентација на Microsoft Inspire. Таа истакнува дека комерцијалните верзии од Windows 11 ќе доаѓаат со автоматски вклучена темна тема.

Мора да се нагласи дека темната тема кај Windows 11 е многу подобро средена за разлика од до некаде недовршената кај Windows 10. Оперативниот систем едноставно изгледа одлично со вклучена тема тема и со додатните ефекти на проѕирност низ повеќе елементи од корисничкиот интерфејс.

Причината за оваа одлука, како што истакнува Гранд, е долгото време поминато во гледањето во светлите екрани, не само за читање на имејл пораки, туку е за многу состаноци, па се до приватни активности. Темната тема им дава одмор на очите, истакнува таа, па затоа сите комерцијални верзии од Windows 11 ќе бидат пуштени со оваа тема вклучена автоматски.

Комерцијални верзии од Windows 11 се тие кои корисници ги купуваат сами, па со оглед на тоа дека повеќето корисници ќе направат надградба од Windows 10 или ќе го добијат Windows 11 преинсталиран на нов компјутер, одлуката нема да ги погоди голем број на луѓе.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаУспешно изведен првиот лет со луѓе на Blue Origin
Следна статијаSamsung го закажа својот нареден Unpacked настан за 11ти август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.