Samsung почна со испраќање на покани за нивниот нареден Unpacked настан кој стандардно се одржува во овој период од годината.

Galaxy Unpacked: Get ready to unfold е официјалното име на настанот и ќе се одржи на 11ти август, датата се погодува во среда, а и овој пат ќе биде само онлајн настан. Почетокот ќе биде во 16:00 часот, а ќе може да се следи во живо преку страната на Samsung.

Од досегашните информации, а и името на настанот, јасно е дека може да се очекува претставување на новите генерации од уредите од компанијата со екрани кои се превиткуваат. Моментално Samsung има два такви модели, односно Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip кои се очекува да ја добијат својата трета генерација.

Galaxy Z Fold3 се очекува дека ќе биде наменет за корисниците кои обично сакаат нешто повеќе од својот смартфон и досега беа навикнати да го купуваат Galaxy Note уредот. Причината за тоа се најавите дека Samsung оваа година може да не претстави нов Note уред, а покрај шпекулациите за истото, со такви информација излегоа и од самата компанија.

Покрај новите уреди кои се превиткуваат, се очекува дека на овој настан може да биде претставен и нов паметен часовник. Интересно кај новата генерација од паметни часовници од Samsung е што веќе нема да работат на Tizen оперативниот систем од компанијата, туку на новата платформа развиена во соработка со Google, базирана на Android, односно Wear OS.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаWindows 11 ќе доаѓа со вклучена темна тема кај новите инсталации
Следна статија5G ќе ја зголеми потрошувачката на мобилни податоци за четири пати до 2026 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.