Минатата година неколку пати можевме да прочитаме дека Samsung планира да ја откаже Galaxy Note серијата, а местото да го преземе Galaxy Z Fold како новиот уред кој се разликува од стандардната понуда на пазарот.

Дека такво нешто е можно стана уште поверојатно кога дел од карактеристиките на Note беа донесени кај Galaxy S21 Ultra, вклучувајќи ја поддршката за S Pen, нешто што беше ексклузивно достапно за Note уредите.

Сепак, од Samsung не потврдија вакви планови и остана очекувањето дека и оваа година ќе видиме Note уред од компанијата, се до годишното собрание на акционери кое се одржа оваа недела.

Директорот на Samsung, ДиЏеј Кох, говореше за недостатокот на чипови во светот, нешто што веќе со месеци се кажува, но сега изгледа станува посериозно. Тој исто така истакна дека е голем товар да се претстават два уреди од високата класа, па би било тешко да се претстави Note уреди во втората половина од оваа година.

Ова сепак не се поврзува со откажување на серијата, а исто така не се поврзува ни со недостатокот на чипови. Кох истакна дека идната година тие планираат сигурно повторно да претстават уреди од Note серијата.

Иако се најавува дека идната година сигурно може да се очекува Note уред, сепак би оставиле да покаже времето. Не е познато каква ќе биде реакцијата на фановите оваа година доколку дефинитивно не биде претставен Note уред, како и што ќе се случи со продажбите од компанијата.

Идната година можеби ќе видиме уште поголем напредок кај технологијата за уредите кои се превиткуваат, нешто што може да биде доволно да ја замени Note серијата, која сега постои на еден начин кај S серијата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei го објави техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа
Следна статијаСтарт на проектот „ВЕ Гевгелија“ – ветерен парк во општина Богданци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.