Фото: Shutterstock.com

Веќе одамна е познато дека доволно добра заштита на една онлајн сметка веќе не може да се направи само со лозинка. Првичната за ова, покрај другото, е и честото користење на лоши лозинки кои се лесни за пробивање, па пристапот до сметките на корисниците не е некој поголем проблем за хакерите.

Користењето на дополнителна заштита на сметките преку дво-факторска автентикација постои веќе одамна, но повеќето корисници не го користат овој метод кој додава уште еден чекор при најавување, нешто што многу луѓе не би сакале да го прават.

Дво-факторската автентикација во основа бара внесување на еднократен код по внесување на лозинката, код кој може да се добие преку SMS или уште побезбедно, преку некоја од достапните апликации за генерирање на кодови. По внесувањето на кодот, се добива пристап до сметката, што значи дека дознавањето на лозинката не е доволно.

Google пред некој месец најави дека планира на сите свои корисници да им ја вклучи оваа функција, без разлика дали сакаат или не, па според информациите овој процес конечно има започнато.

Корисниците кои се дојдени на ред во овој процес ќе добијат известување и време од една недела после кое ќе им биде вклучена дво-факторската автентикација на нивната сметка. Доколку тие веќе имаат поврзано телефонски број со нивната сметка, процесот ќе оди доста брзо и едноставно.

Ова ново правило нема да важи за бизнис корисниците каде администраторите се тие кои одлучуваат за безбедноста на сметките.

Ние веќе со години им препорачуваме на нашите читатели да користат дво-факторска автентикација, барем кај сметките кои им се поважни.

Microsoft отиде и чекор понапред, па на своите корисници им овозможува целосно тргање на лозинката од нивната сметки, а најавувањето се прави преку одобрување на известување од Microsoft Authenticator апликацијата која е достапна на мобилните.

ИЗВОРArsTechnica
Претходна статијаПрвите Netflix игри официјално достапни за сите Android корисници
Следна статијаДиректорот на ФИТР, Петров: Инвестициите на „X Фактор” Акцелераторот покажуваат големо раздвижување во стартап екосистемот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.