После неколку неофицијални информации, Netflix минатиот месец најави дека на својот сервис ќе почне да нуди и игри. Игрите ќе бидат уште еден вид на содржина, како што се филмовите, сериите и документарците, па корисниците ќе ги добијат без дополнително плаќање.

За почеток достапноста на игри е во тест фаза и достапна само во четири земји, односно прво во Полска, па од минатата недела и во Шпанија, Италија и Полска.

Игрите во оваа фаза се достапни само за корисниците на Android и тие се симнуваат преку Play Store. Тоа не е баш во правец на достапност само преку Netflix апликацијата, но по инсталацијата тие може да се вклучат преку истата.

Крајната цел е да игрите се достапни за повеќе уреди, а можеме да замислиме дека тие најпривлечни ќе бидат кога ќе може да се играат преку апликацијата за телевизорите. Во иднина исто така игрите можно е да се стримуваат, наместо да се инсталираат како сега, а од компанијата се немаат одлучено од почеток за вакво нешто поради проблемите кои ги имаат некои од другите вакви сервиси.

Netflix оваа недела купи гејминг компанија и со тоа покажува колку се сериозни за понудата на игри, односно се гледа дека на истото се дава значење како на продукцијата на филмови и серии.

Компанијата која ја купуваат од Netflix е Night School Studio и истата е позната по игрите Oxenfree и Aferparty. Првата игра со својата приказна може да се каже дека потсетува на Stranger Things, па воопшто не е чудо што од компанијата се имаат одлучено за оваа компанија.

Од двете компании ја немаат објавено сумата за која е направена зделката, а се истакнува дека достапните игри ќе продолжат да бидат развивани, како и уште недостапната Oxenfree 2.

ИЗВОРNetflix
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статија19та Меѓународна младинска конференција – Над 60 млади во Крушево ќе дебатираат за европската иднина и трансформација на регионот
Следна статијаFerrari е најновиот клиент на LoveFrom на Џони Ајв