Во Release Preview каналот од Windows Insider програмата, во овој случај за Windows 10, достапна е новата продавница за апликации од Windows 11. Тоа значи, а посебно поради каналот на тестирање, дека сите корисници на Windows 10 можат да ја очекуваат оваа продавница прилично брзо.

Поради достапноста во Release Preview каналот, верувањата се дека новата Microsoft Store ќе им стане достапна на сите корисници со пуштањето на Windows 10 November 2021 надградбата која е најавена за идниот месец.

Поради многу малиот број на новини во наредната верзија од Windows 10, а и достапноста на Windows 11, пуштањето на новата Microsoft Store е одлична вест за корисниците кои ќе останат на постариот оперативен систем.

Microsoft Store на Windows 11, а сега и на Windows 10, донесува поголем избор на апликации поради можноста во продавницата да бидат достапни и „win32“ апликациите, односно обичните апликации кои обично корисниците ги симнуваат директно од страната на компанијата, односно програмерот.

Microsoft дури овозможи програмерите да не мора да го користат системот за реклами на компанијата, со што целата заработка ќе оди за програмерите, а исто така овие апликации нема да се ажурираат преку продавницата.

Една работа сепак нема да биде дел од оваа новина за корисниците на Windows 10, а тоа е достапноста на Android апликации, нешто што сепак е оставено како ексклузивна новина за Windows 11.

Оваа новина веќе почна да се тестира за корисниците на бета верзијата од Windows 11 во САД, па во месеците што следат треба да ја добијат сите корисници на овој систем. Првичните реакции се одлични, односно апликациите функционираат задоволително и се интегрирани во системот исто како да се апликации направени за Windows 11.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSony Xperia Pro-I е смартфон со главен акцент на камерата и цена од 1800 долари
Следна статијаSamsung официјално ги презентира новините кои доаѓаат со One UI 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.