Со пуштањето на Windows 11, надградбите на Windows 10 веќе не се интересни како што беа претходно. Сепак, политиката на Microsoft да компјутерите постари од околу 5 години ги смета за некомпатибилни за Windows 11, ќе остави голем број на корисници кои ќе го користат Windows 10.

Втората од двете годишни надградби на Windows 10, која беше најавена во јули, е во завршна фаза и ќе им биде пуштена на сите корисници идниот месец. Тоа се гледа од сега официјалното име на Windows 10 21H2, Windows 10 November 2021 Update.

Последната верзија која им беше достапна на корисниците во Windows Insider програмата, сега е пуштена во Release Preview каналот од програмата. Во овој канал од Windows Insider се пуштаат верзиите кои се веќе спремни и стабилни, па корисниците кои сакаат нешто порано да го надградат својот систем, без можните проблеми на бета верзијата, тоа обично се препорачува да го направат преку Release Preview.

Во својата најава за Windows 10 November 2021, Microsoft ги објави и ISO датотеките од верзијата која се очекува дека ќе биде финална, па корисниците кои би сакале сега да ја инсталираат и во исто време да ги избришат податоците од својот компјутер, тоа можат да го направат.

Корисниците кои ќе се приклучат на Release Preview каналот, ќе треба да проверат за нови верзии преку Windows Update, по што ќе им биде понудена надградбата.

Без разлика на кој начин ќе се инсталира оваа верзија, може веднаш да се исклучите од Windows Insider и да продолжите да ја користите оваа верзија исто како да е официјално пуштена за сите, а доколку излезе некоја непланирана верзија до пуштањето идниот месец, таа ќе ви биде достапна.

Со оглед на тоа дека веќе неколку години Microsoft втората надградба во годината за Windows 10 ја прави да е помала, истото ќе биде и со Windows 10 November 2021. Тоа значи дека времето на инсталација ќе биде доста кратко и шансите за проблеми се доста помали.

Три новини кои се поврзани со безбедноста на Wi-Fi, Windows Hello, како и со Windows Subsystem for Linux, се дел од оваа верзија од системот.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаМакедонски импакт стартапи презентираа решенија во рамки на глобалната програма за претприемништво Accelerate2030
Следна статијаIBM и Airspan Networks планираат да го забрзаат усвојувањето на 5G Open RAN во Европа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.