Android 12 веќе стана достапен, но како и обично, а посебно за корисниците во нашата земја, тоа и не значи многу затоа што повеќето користат мобилен од производител кој не користи неизменета или многу малку изменета верзија од оперативниот систем. Тоа значи дека треба да се почека уште некој месец за производителите да ги пуштат своите изменети верзии од Android, најчесто само за поновите модели.

Samsung изминатите години се побрзо и порано ги пуштат новите верзии од нивниот One UI кој е изменета верзија од Android, па оваа година најавите се дека One UI 4, кој е направен на основа на Android 12, ќе им биде пуштен на корисниците веќе од идниот месец.

Ова се однесува во главно на корисниците на Galaxy S21 серијата, но наскоро после тоа се очекува пуштање и за други модели.

Од компанијата веќе неколку месеци ја тестираат новата верзија од One UI преку бета програмата во неколку земји, па поради тоа и ја имаме целосната слика за што е тоа што можеме да го очекуваме како корисници.

Сепак, за тие кои не се запознаени со новините од бета верзијата на One UI 4, Samsung пушти два официјални видеа преку кои ги презентираат новините.

One UI 4 ќе ги добие некои од најинтересните новини на Android 12, а една од нив е можноста за избор на боите кои се прикажуваат низ корисничкиот интерфејс, а истото може да се направи да биде и автоматско зависно од боите на позадината.

Во новата верзија иконите ќе добијат поддршка за темната тема, односно заедно со позадината, сега и тие ќе бидат делумно затемнети, а тука е и можноста за дополнително затемнување на екранот.

„Виџетите“ во One UI 4 добиваат редизајн, барем тие од Samsung, а сите ќе бидат заоблени, нешто што е исто така ново со Android 12.

Picture-in-picture функцијата добива една одлична новина, а тоа е можноста за менување на големината на малото прозорче во кое се прикажува видеото.

Двете видеа каде се прикажани сите новини кај One UI 4 можете да ги погледнете во продолжение.

Претходна статијаНовата Microsoft Store од Windows 11 ќе биде достапна и на Windows 10
Следна статијаMicrosoft ќе им конкурира на Chromebook лаптопите во образованието со нов лаптоп и Windows 11 SE
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.