kangaroo-notebook

Најверојатно можноста да се логирате со различни кориснички сметки во Windows за компанијата InFocus не е доволно „приватна“, па затоа лансираат Kangaroo Notebook лаптоп на кој не само што ќе имате своја корисничка сметка, туку за да го направите тоа буквално ќе можете да го замените и цел хардвер во лаптопот, само со менување на еден модул.

Малку е нејасно зошто некој би сакал лаптоп со променливи модули, особено што засега е достапен само еден со Intel Atom x5 Z8350 процесор, 2 GB рам и 32 GB простор, со можност за проширување со micro SD картичка до 256 GB. Да, ова не се компоненти кои ќе овозможат којзнае какви перформанси, особено во делот на рам меморијата, која ќе беше добро да е барем 4 GB за полесно работење со повеќе програми одеднаш.

Лаптопот, односно во овој случај школката за модулот, има 11,6 инчен дисплеј и батерија, како и (нормално) тастатура со целосна големина и тачпад. Како и секој помодерен лаптоп и овој има веб камера, звучници и USB приклучоци, но од InFocus не прецизирале колку порти има. Не дека е особено важно во лаптоп кој ќе биде користен само за сурфање и максимум Office работа.

minimodule-100682768-orig-copy

Користењето на овој лаптоп би било единствено интересно за семејствата со помал буџет, кои сакаат евтино лаптоп решение и за повозрасните и за децата во фамилијата. На пример, децата и родителите би имале свој модул кој би го користеле, без да има потреба од мешање или од „караници“ за тоа што едните им расипале на другите. Од друга страна ова го поставува прашањето како би се договориле за користењето на еден уред толку многу корисници? Освен ако не купат друга школка, во ист момент може да се користи само еден модул, што секако може да биде ограничување.

Сепак, според мене ќе беше добро овие модули да можат да се искористат и на други уреди, како на пример телевизор. Да, InFocus нуди мини компјутер за приклучување на дисплеј, но тоа само ја усложнува работата – тогаш би требало да купувате и модули и плус компјутер за на телевизорот… Сигурно ќе беше поелегантно едниот ист модул да може да го користите на телевизорот, десктопот и лаптопот во исто време, нели? Така секој корисник во фамилијата би требал да има само еден свој модул, кој би можеле да го користат на кој дисплеј/лаптоп во домот сакаат. Истовремено.

Извор: PC World, Gizmodo, Engadget

Претходна статијаElectra Meccanica Solo – совршен е-автомобил за низ град
Следна статијаGoogle Safe Browsing го означува Thepiratebay.org како небезбеден сајт