infocus-kangaroo-1

Помина многу време откако десктоп компјутерите беа главни на сцената и денес реално ги користат само оние кои бараат повисоки перформанси и на кои нема да им пречат поголемите димензии. InFocus има друга идеја за враќање на компјутерот во вашата соба, со новиот Kangaroo мини уред, кој има целосен Windows 10 оперативен систем во него и батерија која трае до 4 часа.

Kangaroo може да се поврзе со секој уред што поддржува HDMI интерфејс, што значи дека сите понови монитори и телевизори. Уредот е особено погоден за телевизорите, бидејќи ќе може да го користите во дневната соба и да ги користите сите погодности на Windows 10, а особено модерните апликации за гледање видео и сл.

InFocus Kangaroo Windows 10 PC that fits in your pocket and works with your iPad! (PRNewsFoto/InFocus Corp.)
Самиот уред има солидни спецификации, со оглед на цената од само 99 долари. Процесорот е Intel Atom Z8500, помогнат од 2 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање податоци (18 GB достапни за корисникот) со можност за проширување преку micro SD картичка. Уредот има и Wi-Fi и Bluetooth поврзување, што значи дека брз проблем може да го поврзете на интернет, или со безжичен маус и тастатура, а со дополнителен дел, има и можност за две USB порти и читач за отпечатоци на прстите за поголема сигурност. Од InFocus ветија дека во иднина ќе има и други вакви додатоци, кои дополнително ќе ги зголемат можностите на Kangaroo.

Интересно, InFocus Kangaroo може и безжично да се поврзе со iPad таблетот на Apple, што го прави исклучително погоден за оние кои го имаат тој уред, а понекогаш им треба „целосен“ оперативен систем како Windows 10.

Извор: Windows Central, Engadget, Kangaroo

Претходна статијаACER претстави прототип од електрично возило
Следна статијаСтартап Викенд Академија: Од идеја до успешен бизнис